Книжевна средба – Промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ и „Везење“ во Францускиот институт во Скопје

Во четврток, на 15 февруари 2024 година, во Францускиот институт во Скопје, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи промоцијата на македонските преводи на француските дела „Идис“ и „Везење“.

Домашните издавачки куќи вистински се залагаат околу преведувањето француски дела.


„Идис“ на Робер Бадентер, превод на на г-ѓа Гзиме Старова, во издание на „Или-Или“.

„Везење“ на Марџан Сатрапи, превод на г-ѓа Јоана Хаџи-Лега Христоска, во издание на „Бункер“


Францускиот институт во Скопје има за цел на оваа средба да ја истакне работата на две издавачки куќи: „Или-Или“ и „Бункер“. Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а ќе го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка, г-дин Иго Бештел. Збор ќе земат одговорните лица од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе проговорат околу преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето.

Резервирајте го своето место на промоцијата на culture@ifs.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …