На 15 февруари 2024 година, во Europe House – Скопје, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи првата интерактивна работилница за деца во 2024 со издавачка куќа Сказнувалка.
„Кралот што имаше од сѐ по многу“ од најдобрата грчка авторка за деца Марија Папајани е номинирана за наградата Ханс Кристијан Андерсен. Интерактивната работилница ќе ја водат Искра Димковска, Владимир Лукаш, Живко Грозданоски и Софија Григориду.
Со малку поинаков пристап, преведувачката Софија Григориду ќе ја прочита сликовницата на грчки јазик, додека Живко Грозданоски ќе ги презентира илустрациите. Слушајќи непознат јазик, децата ќе развијат љубопитност и креативност за приказна што не им е целосно позната . Со оваа друштвена игра, децата ќе бидат стимулирани да ја користат имагинацијата, да ги подобрат читателските навики и усното изразување.
Работилницата се организира за деца од 6+ години. Задолжително е пријавување на следниот формулар:
https://forms.gle/ZHr2azFVJmTTzCTJ9
„Кралот што имаше од сѐ по многу“ е дел од проектот „Да ти ја раскажам мојата приказна: протек на европски книжевни дела за млади“ што се спроведува во рамки на програмата „Креативна Европа“.