На денешен ден е роден нашиот писател и сликар Димитрие Дурацовски

Димитрие Дурацовски е роден на 15 февруари 1952 година во Струга. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје. Работи како ликовен соработник во Народниот музеј во Струга. Член е на ДПМ од 1989 година.

Дурацовски е автор на книгите:


Тајна историја (раскази, 1986),
Црни пророци (раскази, 1996),
Insomnia (роман, 2000),
Бледи сенки, далечни гласови (роман, 2014)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).


Дурацовски е припадник на т.н. петта генерација или Петти круг на автори, кои на македонската книжевна сцена се јавиле во 1980-тите години. Целиот опус на Дурацовски е во знакот на постмодернизмот. Со романот „Бледи сенки, далечни гласови“, тој направил голем пресврт во стилот. Во двете збирки раскази, тој пишуваал во стилот на фантастиката и ониричноста, со користење цитати, парафрази и позајмувања од други книжевни дела. Во „Инсомнија“, тој ја напуштил строгата, контролирана функционалност, вметнувајќи долги автобиографски пасажи и есеизирања. Во романот „Бледи сенки, далечни гласови“, тој ја напуштил функционалната димензија и навлегува во т.е. постмодерна носталгија.

За романот „Insomnia“, Дурацовски ја добил наградата „Рациново признание“, а во 2019 година, Дурацовски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Димитрие Дурацовски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк на „Генералка викенд“ – за почиста животна средина во Битола

Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска …