КУЛТУРА

Концерт на студентите од класата на вон. проф. м-р Дино Имери

Вечерва, со почеток во 19:00 часот во Концертната сала на Факултет за музичка уметност во Скопје, ќе се одржи концертот на студентите од класата на вон. проф. м-р Дино Имери. Пијанистите Лабина Поп Дучева, Михаил Димовски, Јована Арсоска и Михаил Јагуриновски ќе ни приредат убаво и соодветно музичко испраќање на …

Повеќе »

На денешен ден е роден нашиот познат актер Ненад Милосављевиќ

Ненад Милосављевиќ е роден на 29 декември 1941 година во Прилеп. Тој е наш истакнат театарски, филмски и телевизиски глумец. Дипломирал на театарска академија во Белград во 1967 година. Член на Драмски театар – Скопје од 1968 година. Добитник е на наградата за епизодна улога на театарските игри “Војдан Чернодрински” …

Повеќе »

Сеќавање: На денешен ден почина еден од најзначајните македонски уметници Томо Шијак

Томо Шијаковиќ-Шијак е роден на 15 март 1930 година. Еден од најистакнатите македонски сликари. Уште од најрана младост кај него се јавил огромен интерес за ликовно претставување на сопствените опсервации. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, студирал ликовна уметност на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, а потоа …

Повеќе »

Новогодишен МСУ водич и матине

На 30 декември 2023 година, во 12:00 часот на пладне, во Музејот на современата уметност во Скопје, заедно со кустосот водич Бојана Јанева ќе може да ги погледнете четирите отворени изложби: *Изложбата „Континуитети“, избор дела од француски автори, кои се дел од уметничката колекција на МСУ – Скопје. *Меѓународната изложба …

Повеќе »

Театарската претстава „Новогодишна бајка“ во Театарот за деца и младинци

Во сабота, 30 декември 2023 година, во Театарот за деца и младинци, со почеток од 13:00 часот, најмладата публика ќе има можност да ја проследи театарската претстава „Новогодишна бајка“. Со нетрпение ја очекуваме Новата Година. Но зошто одеднаш стрелките на часовникот почнаа да се движат во спротивна насока? Го знаеме …

Повеќе »

Предновогодишна дружба во Дуња

Вечерва, во Социјалниот центар Дуња, со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи предновогодишна забава. Настанот ќе започне со едукативен квиз, и ќе продолжи со музичка забава и дружба. Понесете добро расположение и борбен дух, а колачите оставете ни ги нам, се вели во објавата од СЦ Дуња. Ве очекуваме!

Повеќе »

Среќен роденден Калиопи !!!

Калиопи Букле е родена на 28 декември 1966 година во Охрид. Таа е наша позната и истакната македонскa и уметница, вокален изведувач, композитор и текстописец. Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп-музика. Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го …

Повеќе »

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Елевтериј

Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај …

Повеќе »

Мегапопуларниот проект ABBA RING по голема европска турнеја утревечер пристига во Скопје

На 28 декември 2023 година во Станица 26, со почеток од 20:00 часот, ќе може да го проследите концертот на трибјут бендот Abba Ring. Проектот ABBA RING е составен од образовани и искусни музичари, собрани со заедничка цел да ги доближат хитовите на некогаш многу популарниот бенд до денешната публика. …

Повеќе »