КУЛТУРА

„Пејте со нас“ – Одбележување на светскиот ден на хорското пеење

Денес во Центарот за Kултура во Битола, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи манифестацијата „Пејте со нас“ на која ќе настапат неколку хорови со што ќе се одбележи светкиот ден хорското пеење. Тоа е ден посветен на хорската заедница ширум светот, кој ја слави моќта на заедничкото пеење. …

Повеќе »

Денес се сеќаваме на основоположникот на музикологијата во Македонија, Драгослав Ортаков, кој почина на денешен ден во 2007 година

Проф. д-р Драгослав Ортаков беше роден во Гевгелија на 22 април 1928 година. Македонски музиколог и композитор, основоположник на музикологијата и на музичката византологија во Македонија. Се категоризира во третата генерација македонски повоени композитори. Еден е од основачите и долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Како прв …

Повеќе »

Промоција на спотот за песната „Темна Гора” од бендот „Авелина“

Утре, 9 декември 2023 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 20:30 часот ќе биде промовиран спотот за песната  „Темна Гора” од бендот „Авелина“. Авелина го објавува долго очекуваниот спот за песната “Темна Гора” кој го подготвуваат веќе една година, спотот е најава за Албумот “Воинот на Големата Мајка”. Ве …

Повеќе »

Новогодишна верзија на едукативната претстава за деца ,,Мобиленд”

Во сабота, 9 декември 2023 година во Public Room во Скопје, најмладите ќе можат да ја погледната едукативната претстава ,,Мобиленд”, а овојпат ќе биде изведена нејзината новогодишна верзија. Претставата ,,Мобиленд” е детска интерактивна претстава за деца и млади (4-14 години) која ја обработува темата за дигитализација. Оваа претстава има за …

Повеќе »

Најголемите хитови на ПМГ со Мирко Попов и Виолета Качакова, вечерва во Станица 26

Вечерва во клубот Станица 26, со почеток во 23:45 часот Мирко Попов и Виолета Качакова ќе ве потсетат на најголемите хитови на ПМГ. ПМГ//PMG се пионери на македонската електронска сцена. Визионери, основачи, организатори, диџеи, танчери. СВЕ у исто време :))) Уште од раните 90ти години, се до денес, присутни и …

Повеќе »

Претставување на македонската визуелна сцена, разговор во живо со визуелен уметник Роберт Јанкулоски

Вечерва во КСП Центар-Јадро со почеток во 20.00 часот, ќе продолжи серијата разговори во живо со македонски визуелни уметници, овојпат со визуелниот уметник Роберт Јанкулоски. Разговорот го води Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност. Со цел да се оствари континуитет во претставувањето на македонската визуелна сцена, КСП Центар-Јадро продолжува …

Повеќе »

На денешен ден е роден нашиот познат писател Ермис Лафазановски

Ермис Лафазановски е роден на 8 декември 1961 година во Клуж, Романија. Тој e современ македонски раскажувач, романописец, историчар и теоретичар на литературата. Лафазановски е доктор по филолошки науки и работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје при што бил и негов директор. Член е на Друштвото на …

Повеќе »

„Мајкинство“ – Изложба на уметничката група МОМИ во КИЦ

Вечерва во Културно Информативниот Центар во Скопје, во Салонот Империал II, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Мајкинство“ на нашата уметничка група МОМИ. Teмата на која заеднички работевме изминатата година е темата „Мајкинство“, тема која е едноставна, но многу длабока. Сигурно ќе се запрашате зошто „мајкинство“ наместо …

Повеќе »

Изложба – „Од поинаков дискурс“ – Фауната од колекцијата на Националната галерија

Денес во Националната галерија Мала станица, со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата со наслов „Од поинаков дискурс“ – Фауната од колекцијата на Националната галерија. Дискусиите и дебатирањето за или против менување на методите и експериментирање со нови пристапи на истражување и презентирање на ликовната уметност, осовременување на …

Повеќе »