На денешен ден е роден нашиот познат писател Ермис Лафазановски

Ермис Лафазановски е роден на 8 декември 1961 година во Клуж, Романија. Тој e современ македонски раскажувач, романописец, историчар и теоретичар на литературата.

Лафазановски е доктор по филолошки науки и работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје при што бил и негов директор. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. На 17 декември 2014 година, Лафазановски бил избран за претседател на Македонскиот ПЕН центар.


Лафазановски има објавено повеќе трудови од областа на книжевноста и културната антропологија. Исто така, тој има дадено значаен придонес во современата македонска проза. Поради иновативниот пристап во раскажувањето, тој е добитник на неколку книжевни признанија, како што се: наградата „Стале Попов“ на ДПМ и наградата „Прозни мајстори“ која ја доделува фондацијата „Македонија презент“. Неговиот книжевен опус се состои од повеќе романи, збирки раскази и научни студии.

Негови поважни дела се:


Половина божилак (раскази, 1992)
Традиција, нарација, литература (монографија, 1996)
Благородник (роман, 1997)
Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите (раскази, 1999)
Македонските космогониски легенди (студија, 2000)
Текст и менталитет (зборник, 2000)
Опишувач (Магор, 2001)
Анрополошки дијалози (Магор, 2002)
Роман за Оружјето (2003)
Храпешко (2007)
Егзотична кантата (2008)
Недела (2010)
Историја на луѓето кои умреа од страв (Магор, 2012)
Туја (2018)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Ермис Лафазановски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …