Брак од љубов па се венчале без договор: Развод по тригодишната судска постапка

Актерите кои некогаш беа брачен пар, Бен Афлек и Џенифер Гарнер, конечно се договориле за разводот, три години откако нивниот брак се распадна.
Бен минатата недела завршил по трети пат на рехабилитација, а откако ќе излезе од установата, договорот е да ги потпише листовите. Џенифер дури минатата година го поднела своето официјално барање за развод, иако нејзиниот поранешен сопруг подолго време значително ги менувал девојките.


Странските медиуми пишуваат дека парот конечно се договорил за старателството и финансиите и дека тоа било клучно во нивните односи.
Имено, тие двајца не потпишале предбрачен договор и требало да ја поделат заработката која ја стекнале во текот на 12-те години брак, а што се однесува до децата, веднаш се согласиле да бидат заеднички старатели.
Конечното решение за разводот, судот ќе го донесе веднаш штом Бен заврши со рехабилитацијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …