(ВИДЕО) Во новата ТВ серија снимен најискрениот женски оргазам: “Серија со досега најискрен и најотворен начин на кој што е прикажан сексот и врските”

Австралиската глумица Тони Колет (45) влегува во историјата како прва жена чиј оргазам беше прикажан на британската национална телевизија BBC. Со Стивен Мекинтош глуми во новата телевизиска драма “Wanderlust” во која се следи животот на средновечен пар кој има проблеми во бракот.
“Некој ми рече дека тоа беше првиот женски оргазам во историјата на BBC и јас сум многу среќна што тоа го направив токму јас. Мислам дека е освежувачки да се погледне еден таков искрен приказ на екран”, рекла Колет. Вели дека првенствено била многу нервозна поради снимањето на секс сцените кои ги има повеќе во серијата, но брзо и’ поминало.


“Колку повеќе се сочувствувам со ликот кој го глумам, толку ми е полесно. Ова е важна тема и сметам дека е одлично приказната на жените во тие години да се прикаже на тој начин, бидејќи за тоа често не се зборува”, вели Колет.
Иако британските медиуми сакале да дојдат до потврда дека навистина станува збор за женски оргазам во нивната серија, сепак не успеале, но продуцентите на „Wanderlust” уверуваат дека тоа е серијата со досега најискрен и најотворен начин на кој што е прикажан сексот и врските.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …