Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат во октомври 2023 година.
Публиката и овој пат на овој ЈУБИЛЕЈ ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична, велат организаторите на Андерфест.
Наредната година фестивалот ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) и на него ќе земат учество неколку македонски бендови кои на сцената ќе ги докажат своите музички перформанси и ќе се мотивираат да продолжат да креираат нови музички дела.
Андерфест фестивалот веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари.