Моника Белучи е една од ретките актерки која нема направено естетски зафати, а многумина се согласуваат дека и понатаму изгледа волшебно.
На една од нејзините фан страни е објавена снимка од нејзиното гостување во француското шоу „Passage des arts“. Тоа покажува дека Моника решила да го негува својот природен изглед и докажала дека брчките не и се проблем и дека годините се навистина само бројка.
View this post on Instagram
„Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш премногу слаба, таква е мојата природа. Сакам природно да стареам. Кога ќе наполниш 50., се разбира дека ги немаш истите потреби како кога имавте 20. години. Годините ни даваат поинаква перспектива“, рекла таа, претходно во интервју за Sunday Times Style.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram/ammiratori_di_monica_bellucci