Ал Пачино проговорил за приновата: Актерот чека четврто дете со 54 години помлада девојка – „Посебно е“

Ал Пачино го чека четвртото дете…
Ал Пачино неодамна објави дека станува татко по четврти пат, на 83-годишна возраст. Неговата партнерка Нор Алфала (29) со која е во врска околу една година е бремена.
Актерот сега одлучил да ги отфрли гласините дека не е среќен поради веста за приновата и наместо тоа ја означил како „специјална“ прилика.
– Многу е посебно. Отсекогаш било. Имам многу деца. Но, ова е навистина посебно пристигнување во овој момент – рекол Пачино, пренесува Mail Online.

This image has an empty alt attribute; its file name is al-pacino-so-devojkata.jpg
Да потсетиме дека актерот никогаш не се оженил. Една од неговите љубови била учителката по глума Џен Тарант, со која ја има ќерката Џули Мери, додека со актерката Беверли Д’Анџело има 17-годишни близнаци, синот Антон Џејмс и ќерката Оливија Роуз.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …