Анџелина Џоли повеќе не е бринета!
Актерката решила да воведе големи промени пред летото. Таа значително ја осветлила косата во однос на пред неколку месеци, па сега дефинитивно станала русокоса.
Актерката се појавила на настанот каде го промовирала својот нов бренд Atelier Jolie како дел од брендот Chloe. Таа носела црн тесен топ фустан, кој уште повеќе ја истакнал нејзината коса. Забележливо е дека ја скратила косата, а со минимално шминка и кармин во боја на праска уште повеќе се истакнуваат нејзините руси прамени.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Анџелина имаше руса коса во текот на 90-тите, а потоа во годините што следеа негуваше кафени нијанси и не отстапуваше од класичниот изглед.
Во текот на оваа пролет многу дами ги осветлија прамените, а русата коса моментално е еден од најголемите трендови.
Фото: Архива