(ФОТО) Најскапиот Спачек во историјата е направен од дрво

WOODEN Citroen 2CV е создаден во 2011 година.
Уникатниот Спачек беше продаден на 35th Garden Party Auction во дворецот Château d’Artigny, недалеку од Тур. Постигнал цена од 210.000 евра со што го урна претходниот рекорд за цели 40.000 евра.
Дрвениот автомобил е инспириран од познатиот Citroen од 1955 година, а за неговата изградба биле потрошени повеќе од 5.000 работни часови. Покрај надворешноста, од дрво се направени и сите внатрешни елементи, вклучувајќи го и воланот и седиштата кои се покриени со дрвени летви. Користено е дрво од цреша, јаболка и круша, а ова ремек дело го потпишува пензионираниот столар Мишел Робилард.

This image has an empty alt attribute; its file name is spacen-od-drvo-1.jpg


Основата на автомобилот е Citroen Dyane од 1969 година, а моторот го придвижува мал двоцилиндричен мотор со воздушно ладење со волумен од 602 cm3. Автомобилот е во состојба на возење, може да достигне 80 км/ч, но не е регистриран за употреба на јавни патишта.
Купувачот на автомобилот е Жан-Пол Фаванд, еден од основачите на Музејот на саемска уметност, па многу е веројатно дека овој 2CV ќе стане експонат на постојаната поставка на музејот.

>> Опис на автомобилот и фотографии можете да најдете овде.


Робилард, авторот на 2CV, веќе најави нов проект. Тој планира да изгради Citroen DS 21 Decapotable Chapron од дрво и да го заврши до 70-годишнината од DS.

Фото: Принтскрин/rouillac.com


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …