Хрватската инфлуенсерка Ивана Мишковиќ го привлече вниманието со своето појавување на забавата на Story Hall of Fame која се одржа синоќа во Загреб.
Имено, таа носела фустан од дизајнерката Ивана Јуриќ со комбинезон во боја на кожа. Поради оваа оптичка илузија, многумина мислеле дека таа се разголела. Изгледот го комплетирала со нагласена шминка, залижана коса и обетки.
„Топ! Да можеа да измислат ваков костим за капење и цела година да бидеме мирни“, „Жено, нема повеќе“, „Јас сум без зборови“, „Така се прави“, се дел од пофалби што ги доби на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Ивана доби награда во категоријата Најдобра street style.
„Почестена сум што секогаш ми давате комплименти за мојот стајлинг. Мислам дека клучот е да се облекуваш онака како што се чувствуваш. Немам специфичен стил и секогаш се водам од чувството. За мене, како и веројатно секоја жена, најважно е да се чувствувам добро во тоа што го носам. Исто така, важно е да се чувствувам самоуверено и мислам дека тогаш и другите луѓе ја чувствуваат таа енергија“, рекла таа претходно во интервју за Story.hr.
Таа додала дека не треба да ги слушаме оние кои велат дека живееме во „машки“ свет, бидејќи жените се многу способни.
„Најважно е да се поддржуваме, нема конкуренција. Има простор за сите, се додека се поддржуваме“, изјавила таа.
Фото: Принтскрин/Instagram