Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк – Школка

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на гастрономскиот настан „Вкуси ја Франција”, којшто ќе се одржи в сабота, 10 јуни 2023, со почеток во 12 часот, во Градски парк – Школка.

Настанот, во 12 часот, свечено ќе го отворат г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје, и Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.


This image has an empty alt attribute; its file name is Logo-Saveurs-de-France.png

Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција.


За музичкиот амбиент со француска музика ќе се погрижат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе.

Главен покровител на настанот е винарската визба Тиквеш, а партнери се СУГС „Лазар Танев”, ФЈ кулинарско школо и Боттега дел Вино.


Производите ќе се продаваат по симболични цени, а винарската визба „Тиквеш” ќе понуди дегустација на нивните вина.

Во случај на дожд, ќе има обезбедено шатори.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Воскресение Христово – Велигден

Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат …