Итно соопштение од Google: Корисниците веднаш да го ажурираат својот пребарувач


Google објави дека поправил голем безбедносен пропуст во пребарувачот Chrome и ги повикал корисниците веднаш да го ажурираат пребарувачот
Google не открил повеќе детали за ранливоста под шифрата CVE-2023-3079 со цел да ги спречи напаѓачите да ја злоупотребат оваа информација, беше наведено на веб-страницата на оваа компанија.
Компанијата истакнала дека проблемот лежи во JavaScript моторот V8 (Chrome Java Script V8) и дека ранливоста е многу опасна. Овој пропуст веќе им е познат на хакерите и активно се користи, се додава во соопштението.
Во април Google веќе имаше проблеми со безбедносни пропусти во пребарувачот Chrome, пренесоа агенциите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдобрите современи руски филмови за Големата татковинска војна

На 9 мај годинава се одбележа 80-годишнината од победата врз фашизмот во Втората светска војна. …