(ВИДЕО) СТЕЈПЛС ЦЕНТАР – Навивач постигнал кош од центарот на теренот и станал побогат за 10.000 долари

Навивач на Лос Ангелес Клиперси станал побогат за 10.000 долари откако на полувремето на натпреварот помеѓу неговата екипа и на Мајами Хит (128:111) постигнал кош од центарот на теренот.
Натпреварите во НБА лигата, освен врвната кошарка на љубителите на оваа игра секогаш им нудат и многу интересни содржини. Така било и на дуелот на Клиперси и Хит, а еден навивач на екипата од Стејплес центарот имал многу среќа, но секако и знаење.


Шутирал од центарот на теренот за награда од 10.000 долари и успеал да погоди.
Клуиперси славеле со резултатот 128:111, а најефикасен кај домашните биле Пол Џорџ и Лендри Шемет со по 23. постигнати поени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …