(ФОТО) Селфи на астронаутка: Одраз на Земјата во вселенското пространство!

Астронаутката на НАСА,Џесика Мир,најверојатно го направила најегзотичното селфи на светот и го споделила со следбениците на Твитер.
Таа од септември 2019. година е дел од посадата на Интернационалната вселенска станица, а во јануари се упатила на дури две „прошетки“ по космосот.
Додела плутала во вселената успеала да направи и неколку фотографии, и на оние кои се на Земјата да им го приближи светот вон светот.
Во твитот пишува дека користела nikon D5 со 28. милиметарска леќа која се наоѓа во заштитна кутија. Една од фотографиите е снимена во класичен „селфи стил“, бидејќи камерата ја усмерила директно кон својот стил, додека на стаклото на нејзиниот шлем се гледа и Земјата.


На другата фотографија е нејзиниот одраз во соларната плоча на станицата која во таа прилика ја искористила како огледало.
Оваа астронаутка не е прва која направила селви во космосот, бидејќи тоа го направил и Баз Олдрин уште во далечната 1966. година во текот на мисијата на „Џемини 12“.
Иако минало повеќе од 50. години од првото „селфи“ во вселената и понатаму е тешко да се замисли подобро окружување за фотографија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …