Ексклузивен концерт на најголемата гудачка женска светска атракција на сите времиња – „Бонд“

Авалон го најавува првиот голем светски концерт за 2020 година: најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња BOND доаѓа за прв пат во Скопје со гала концерт, на 20-ти март во Македонската филхармонија. Квартетот BOND е супербренд со милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање е извонреден чин на пркосење со стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од Средниот Исток.


Од првото деби, квартетот, нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“, има продадено неверојатни 5. милиони албуми низ целиот свет, имаат 56. платински и 15. златни тиражи на своите изданија.
Од основањето на квартетот BOND па до денес, имаат огромен број на настапи низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија и секогаш распродадени концерти.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (07-ми февруари) во 09 часот наутро и истите ќе може да ги набавите исклучиво во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:
Classic seats – 1990 денари
Ultra VIP seats – 2990 денари


Бидете брзи, ова е навистина уникатна можност да се видат BOND во току мал простор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …