34. годишниот глумец Бред Буфанда кој се појавувал во сериите како „Вероника Марс“ или на домашната публика попознатите „Малколм во средина“ и „ЦСИ:Мајами“ извршил самоубиство скокнувајќи од зграда во Лос Ангелес, пишува TMZ.
Телото го пронашле минувачи кои веднаш ги контактирале полицијата и брзата помош. Буфанда оставил и проштелно писмо во кое биле имињата на неговите родители и уште некои блиски луѓе и порака само со „Ви благодарам“.
Неговата менаџерка Кирстен Солем за медиумите изјавила дека оваа вест за сите е потполн шок и дека Буфанда никогаш не земал некои супстанци или пак покажувал знаци дека страда од емотивни проблеми.