(ФОТО) Смелост каква ретко се среќава- самодоверба за 10: Шерон Стоун во кожен комбинезон!

Многу млади девојки во широк лак го избегнуваат ова ризично парче…
Есента е време кога доминираат парчиња облека од кожа, но има и такви што многу дами не би се осмелиле да ги носат, иако ги привлекуваат како магнет – кожен комбинезон.
Тие велат дека за ризичните парчиња е потребна совршена линија и младост која може се да износи и да им биде простено, но ова не е правило во кое верува актерката Шерон Стоун.
Таа се облекува како што чувствува и има храброст и самодоверба на 61. година да носи парчиња што дури ниту помладите девојки не би се осмелиле да ги носат.

Така, вчера таа била забележана како шета низ Мадрид облечена во комбинезот во кафена кожа од италијанскиот дизајнер Брунел Кучинили, украсен со каиш во иста боја и џебови на градите.
Со комбинезонот носела беж капут и црвени чевли, со што „ја разбила“ малку монотоната облека.

Изборот на торбата – црна со беж ленти – изненадила многумина затоа што не одговара на целиот изглед, но очилата за сонце со кафеава боја биле совршен хит.
Дали ви се допаѓа храбро издание на Шерон Стоун?

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …