(ФОТО) ПИЦА ЛЕБ е лесно да се направи: Ќе ве воодушеви колку е вкусен!

Изненадете го своето семејство со деликатес кој е всушност пица подготвена на еден сосема друг начин. Идеална е за оние денови кога баш и немате желба да готвите нешто комполикувано…
Состојки: 350 г брашно, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 5 г сув квасец, 2 јајца, 80 мл вода, 60 мл млеко, 80 г путер, пасирани домати, 130 г шунка, 180 г или кашкавал, маслиново масло, 1 лажичка лук во прав.
Подготовка: во соодветен сад ставете ги брашното,шеќерот, солта и сувиот квасец. Истопете го путерот во млекото, на ниска температура. Додајте вода и изладете, смесата да биде млака. Додајте ги и изматените јајца па измешајте со сувите состојки па замесете тесто. Покријте и оставете да стасува да го удвои волуменот.



Расукајте на работна површина наросена со брашно, во правоаголник со димензии 50 х 50 сантиметри и исечете на 5 еднакви ленти. Намачкајте со сос од домати, додајте рендан кашкавал и шунка и наросете со оригано.
Лентите наредете ги една на друга па исечете на 4. еднакви делови. Наредете ги вертикално во калапот за леб, покриен со хартија за печење, покријте и оставете да стасува уште 20. минути.
Печете во рерна загреана на 180 степени, околу 15. минути. Извадете и намачкајте ја површината со маслиново масло измешано со лукот. Вратете во рерната и печете уште 15. минути. Откако лебот ќе отстои 10. минути извадете од калапот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …