„Мел фест талент шоу: Ѕвезда број 1“ – Погледнете кои кандидати поминаа во следниот круг

Минатата недела во 21 часот се одржа првата гала вечер на „Мел Фест талент шоуто: Ѕвезда број 1, кое се емитува на „1 ТВ”, а жирито одлучи 11. натреварувачи да поминат во следниот круг.

Кристијан Маркоски, Александра Дрогришка, Славица Ангелова, Сабина Мустафче. Зоран Милорадовски, Сара Гигова, Наталија Нешковиќ, Анлега Илиева, Емилија Трајкоска, Нино Наумовски и Елени Аврамовска, се кандидатите кои ќе се борат за албум и стан во Скопје.


Жаре Бербер и Нина Деан ја имаа улогата на водители за време на галата, додека кандидатите ги оценуваше жири комисијата составена од Елена Петреска, Александар Масевски, Сергеј Варошлија и новинарката Валентина Тодоровска – Вања, додека продукциското жири беше составено од Пеце Стојкоски, директор на „Мел Фест“ и Бане Поповиќ.


„Првата гала вечер помина убаво. Музичката борба веќе започна, а ние ги добивме и првите полуфиналисти. Сакам да изразам благодарност до сите кои го поддржуваат овој нов музички проект на фестивалот „Мел Фест“ и очекувајте до самиот крај уште многу изненадувања“, вели Пеце Стојкоски.

Оваа недела очекувајте ја втората гала вечер во 21 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …