(ФОТО) Близнаците на Роналдо наполниле 2. години: Зошто биле тажни на роденденот?

Близнаците на Роналдо, Ева и Матео, го слават својот втор роденден.
Иако тато не бил со нив, најубави желби им испратил преку социјалните мрежи.
„Тато ви посакува се најдобро! Жал ми е што на денешниот ден не можам да бидам со вас, но мама е тука за вас. Бидете секогаш среќни. Многу ве сакам“,им порачал тато Кристиано на децата.
Кон честитките се придружила и Георгина, свршеничката на Кристиано.
„Среќен роденден Ева и Матео. Во овој роденден не можевме да уживаме бидејќи тато многу ни недостасува“, напишала Георгина Родригез.
Инаку, двегодишните близнаци и најстариот син на Роналдо ги родиле сурогат мајки. Најмладата членка на семејството, девојчето Алана Мартина е единственото заедничко дете на славниот фудбалер и Георгина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утврдено со истражување – Загадувањето на воздухот може да предизвика аутизам, особено опасни се емисиите од автомобилите

Една нова студија покажала дека загадувањето на воздухот, особено она предизвикано од гасовите од автомобилите, …