(ВИДЕО) Мистерија во познато летувалиште: Тројца американски туристи ненадејно починале!

Пет дена откако пар од Мерлиенд бил пронајден мртов во хотелска соба во Доминканската република, во истото туристичко одморалиште починала и жена од Пенсилванија.
41.годишната Миранда Шоп Вернер само што се пријавила во хотелот и земала пијалок од мини-барот паднала и починала. Разговарала со својот сопруг со кој славела годишница од брак, па одеднаш се онесвестила и набрзо починала.
„Во еден момент почувствувала силна болка и побарала помош од сопругот, па потоа се онесвестила“, изјавил нејзиниот роднина Џеј Меконалд.
Веднаш била повикана Итна помош, но на жената ѝ немало спас, починала во хотелската соба.
Во истото одморалиште пронајден е мртов и пар од Мериленд, само во друг хотел. Вработените од хотелот забележале дека 63.годишниот Едвард Натаниејл Холмс и 49. годишната Синтија Ен Деј не се одјавиле во договореното време па отишле да проверат дали е се во ред.
Ги пронашле мртви.


Кога семејството на Миранда слушнало за нивната смрт, го контактирале Министерството за надворешни работи на САД и укажале на сличности во двата случаи.
„Миранда беше здрава пред својата смрт. Прво мислевме дека е несреќен случај, но сега не сме сигурни“,  рекол Мекдоналд.
Од одморалиштето „Bahia Principe Hotels & Resorts” велат дека засега нема никакви знаци на поврзаност на „двата трагични инциденти“ и дека персоналот на хотелот ги следело сите безбедоносни протоколи.


Екран.мк/CNN
Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” е отворена изложбата “Пиктограми” од Светлана Попова и Марија Штерјова

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп синоќа 26.04.2024, е отворена изложбата “Пиктограми” од …