Зимата не го кажала последниот збор: Што не очекува до крајот на февруари?

Денес низ земјава ќе започне да дува умерен до наместа и засилен јужен и југозападен ветер, што воедно ќе биде и најава за промената која допрва следи. Се очекуваат локално удари на ветер и од над 80 км/ч. До крајот на денот ќе настапи и наоблачување кое до вечерните и ноќни часови ќе услови и врнежи најпрвин на запад а потоа и на повеќе места низ земјава. Врнежите ќе бидат од дожд а на планините од снег.


Од вторник па во деновите потоа ќе има ново поизвесно ЗАЛАДУВАЊЕ со нов пад температурите, ова всушност ќе не потсети дека зимата се уште не е замината и не треба да се опуштаме многу во раните пролетни температури кои ќе ги имаме во следните два дена.
Во текот на следната седмица ќе биде ветровито, студено и доста променливо а ветерот ќе го смени правецот во северен. Повремено, но локално, ќе има и врнежи од снег, малку снегче ќе има и во дел од пониските места, но засега ништо претерано обилно.
Следната седмица насекаде низ земјава минималната температура ќе падне под нула локално и под -10 С, дневните во повеќето делови ќе достигнат и до околу па и под +5 С, на југоисток и до +7 С.

Временската прогноза ја подготви: Денис Муховиќ


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …