(ФОТО) Сите ќе бидат поканети: Рики Мартин и Џван Јозеф ќе се венчаат наредната година

Популарниот латино пејач Рики Мартин наредната година ќе се венча со својот свршеник Џван Јозеф наредната година, а најавил дека тоа ќе биде голема и јавна венчавка на која сите ќе бидат поканети.


“Тоа ќе биде голем настан за кој луѓето ќе зборуваат. Ние сме модерно семејство и сметам дека луѓето треба да го видат тоа. Исто така, сакам да ја нормализирам убавината на нашата фамилија. Ќе биде јавна свадба и ќе го споделам своето венчавње со светот” вели Рики Мартин за списанието “Ocean Drive”.


Рики Мартин и Џван Џозеф се свршија минатата година, а моментално се во почетна позиција на планирање на венчавката.
“Пробуваме да се соочиме со фактот дека поголемиот дел од фамилијата на Џван е од Сирија па затоа веројатно нема да можат да дојдат во Америка. Поради тоа мислевме да се венчаме во Шпанија или Стокхолм“ вели тој.
Парот заедно ги одгледува осумгодишните близнаци Матео и Валентино.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …