(ВИДЕО) Кралот на Инстаграм бегал од куршумите во Лас Вегас: Ужас, девојка е погодена во глава!“

Некогашниот професионален играч на покер, попознат и како Кралот на Инстаграм, Дан Билзериан, се нашол на сред пукањето во Лас Вегас, кое избило во текот на фестивалот за кантри музика.
Се се случило кај познатиот хотел и казино Манделеј беј, во јужниот дел на централниот булевар во Лас Вегас, а според информациите кои ги пренесуваат локалните медиуми, најмалку 20 лица загинале, а повеќе од 100 биле повредени.
Билзериан на Снепчет споделил драматично видео во кое рекол дека почнал да бега кога го слушнал пукањето.


Додека се провлекувал низ хаосот за да најде безбедно место, рекол: “О, Боже, оваа девојка е тукушто погодена во глава”.
Инаку, Билзериан е шампион во покер, „тежок“ околу 100. милиони долари, кој води многу развратен живот.
Поседува имоти во Лас Вегас, Сан Диего и Лос Анџелес. Станал ѕвезда на социјалните мрежи бидејќи секојдневно објавува фотографии со голи жени, оружје и своите миленичиња.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …