Оскаровецот Том Хенкс во почетокот на 2013. година дал интервју за телевизиската станица Е! и во емисијата изјавил дека Косово e српско и дека еден ден Србите повторно ќе се вратат во својата земја. Неговото интервју било „шерувано“ од многу други медиуми, а сега после четири години повторно е актуелизирано од српските медиуми. Причина? Можеби и тој како колегата Ралф Фајнс ќе бара српски пасош па ова „ќе му дојде“ како причина „ЗА“!
Со ова интервју актерот ги налутил Албанците кои оставиле бројни негативни коментари на негова сметка.
Во интервјуто тој зборувал за снимањето на својот последен филм за историјата на Израел, па во таа конотација ги споредил страдањата на Евреите со оние на косовските Срби.
„Во текот на Втората светска војна Евреите го преживеале холокаусот, а да не зборувам што им се случувало претходно. Тие никогаш не ја изгубиле вербата дека еден ден ќе ја вратат својата земја и цел еден милениум се поздравувале со ‘се гледаме догодина во Ерусалим’. Слично им се случува денес на Србите на Косово“, рекол актерот.
„На Косово некогаш живееја Срби, градеа цркви и манастири, имаа свои кралеви. Но, тогаш дојдоа Албанците и ги протераа Србите. Кон крајот на 20. век врз Србија паѓаа и НАТО бомби, но тие и понатаму не сакаат да признаат дека Косово е самостојна држава. Како и Евреите, можеби еден ден Србите ќе се вратат на Косово“ додал Хенкс.