(ФОТО) Банана коцки

Бананите се едно од омилените зимски овошја но ние ви предлагаме со нив да подготвите едноставен но многу вкусен колач.
Состојки:
Бисквит
:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно
1 прашок за печиво
2 лажица какао
3 лажици масло
Прелив:
150 г шеќер
малку вода
Крем:
2 кесички пудинг од ванила
600 мл млеко
10 лажици шеќер
250 г маргарин
4 лажици шеќер во прав
екстракт од банана или пасирани банани
Глазура:
100 г чоколадо за готвење (или црно)
1 лажица шеќер
50 г маргарин
Подготовка: бисквит: измешајте ги брашното, печивото и какаото.Изматете ги пенесто јајцата со шеќерот. Во пенестата смеса вмешајте го маслото, поврзете а потоа додајте ги и сувите состојки, убаво измешајте и истурете во правоголна тава, намачкана со масло и наросена со брашно. Ставете во рерна загреана на 180. степени и печете околу 25. минути.
Кога бисквитот ќе биде готов, оставете малку да се излади и полијте со сируп од 150. г шеќер и малку вода.
Крем: Половина литар млеко ставете да се загрева, а во останатото растворете ги пудинзите со шеќерот. Сварете густ крем, префрлете во ладен сад и полијте со прозирна фолија, да не фати коричка и да се излади.Маргаринот изматете го пенесто со шеќерот во прав и потоа поврзете со ладниот крем. Во кремот можете да додадете 1/2 шишенце екстракт од банани или пасирани банани за побогат вкус.
Кремот нанесете го над бисквитот, а се’ полијте со глазурата до чоколадо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …