Лекарите се сомневале но никогаш не успеале да докажат дека овој зачин лекува рак.
Диенеке Фергусон (67) со години неуспешно се борела против рак на крвта, а сега конечно успеала да ја запре свирепата болест со помош на куркумин, една од главните состојки на азискиот зачин куркума.
Докторите тврдат дека ова е првпат пациент да успее да се опорави од опасната болест користејќи обичен зачин откако конвенционалните медицински третмани не дале резултати.
Кога меланономот почнал да се шири по целото тело со неверојатна брзина и покрај тоа што минала три циклуси на хемотерапија и четири трансплантации на матични клетки, Диенеке почнала да зема 8 грама куркумин, секој ден.
Ракот кој главно завршува со смртен исход во рок од пет години во грбот и создавал неиздржлива болка. Кога на интернет во 2011. година наишла на можниот лек одлучила да го испроба, како последна надеж.
„Судејќи според нашите сознанија, ова е прв случај во кој куркуминот покажал резултати кај прогресивна болест во отсуство на традиционални третмани“, тврдат нејзините доктори во трудот објавен во Британскиот медицински журнал.
Тие тврдат дека овој зачин може да ги заштити луѓето од неколку видови рак, како и Алзхајмерова болест, болести на срцето и депресии.
И покрај тоа што куркуминот е познат по своите анти-воспалитени својства лекарите не им го препишуваат на пациентите бидејќи неговата ефикасност никогаш не била обемно тестирана на поголем примерок луѓе.