(ВИДЕО+ФОТО) Неверојатна животна приказна: Напишал проштално писмо и отишол да се убие, а потоа заѕвонил телефонот

На Кевин Волш еден неочекуван телефонски повик му го променил животот.
„Како 13-годишно момче бев во летен камп, кога ми пријденајубавата девојка и ми кажа: “Црната боја ти стои одлично”. Не знаев што сакаше да ми каже со тоа” ја започнува Кевин својата приказна. Почнале да разговараат и на крајот се спријателиле. Размениле броеви и некое време по летото останале во контакт, а потоа кога тргнале во средно училиште, секој тргнал по својот пат.

“Морам да признаам, не мина ниеден ден, а да не помислам на Блеки. Дури ни денес со сигурност не можам да кажам зошто, но од некоја причина не можев да ја исфрлам од глава”, објаснува Кевин.


Пред крајот на образованието, сплетот на околностите тогаш 17.годишниот Кевин го довел до тешка депресија.
“Раскинав со девојката, кучето почина на денот на мојата матурска забава…Сето тоа ме погоди многу потешко од што замислував. Одлучив да се убијам. Напишав проштална порака и отидов на местото каде мислев тоа да го направам. Само неколку секунди ме делеа од самоубиство, а потоа ми заѕвони мобилниот. Ми се јави некој од непознат број. Се јавив и сфатив дека тоа е таа.


„Ја прашав што има, а таа ми кажа дека почувствувала дека треба да ми се јави”, додава Кевин, кој со Блеки се слушнал една година пред тоа.
“И кажав што планирам. Таа преплашено ми кажа да не го правам тоа”. Му рекла дека ќе му се јави и следното утро, а тој се согласил.


Um dia, Kevin Walsh estava prestes a se matar, quando recebeu uma ligação de uma amiga que havia conhecido em um acampamento. <3Comente no Bate-papo UOL:https://batepapo.uol.com.br/

Gepostet von Bate-papo UOL am Donnerstag, 31. August 2017

“Таа вечер почнав да ги пишувам зборовите со кои, 10 години подоцна, ќе ја запросам”, се потсетува Кевин.
Парот останал во контакт, а со време старото пријателство прераснало во љубовна врска. Оваа неверојатна приказна добила филмски “happy end” кога Кевин ја запросил Блеки.
Парот е во среќен брак една година, а Кевин вели дека е пресреќен што остатокот од животот ќе ги мине со жената која го спасила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …