(ВИДЕО+ФОТО) Шарена освежувачка салата со макарони

Кога еднаш ќе го пробате овој специјалитет на баба ќе посакате да го јадете секој ден.
Потребно е:
300 г варени макарони
100 г мајонез
1 лажичка сенф
2 лажици кисела павлака
100 г варен грашок


2 варени моркови, сечкани на коцки
2 кисели краставички, сечкани на коцки
200 г сувомесно, сечено на коцки
100 г кашкавал (рендан)
3 тврдо варени јајца, рендани
сечкан магдонос
сол, црн пипер

Подготовка: сварените и изладени макарони измешајте ги со сите состојки и убаво поврзете. Калап за куглоф намачкајте со масло и ставете ја смесата, убаво притиснете и израмнете па префрлете на 2 – 3 часа во замрзнувач.
Може да се користи и како главно јадење, многу е освежувачка и вкусна.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …