Денеска во кино „Милениум“ свечено ќе биде отворено третото издание на фестивалот на дебитантски филм, „Киненова”

На отворањето ќе присуствува ѕвездата на фестивалот , српската актерка Аница Добра на која ќе и биде врачена наградата за особен придонес во светската филмска уметност, а потоа следува проекцијата на филмот „Ругање со Христос” на режисерот Јани Бојаџи.

режија: Јани Бојаџи
улоги: Мето Јовановски, Марина Поп Панкова, Андреј Серафимовски, Владо Јовановски
премиера: 5.10.2018
времетраење: 152′
земја: Р. Македонија
жанр: Драма
Свеченоста почнува во 20 часот.
Влезници: 100 денари на билетарата на „Милениум”


Од програмата „Фокус на Норвешка” денеска во 18. часот во киното „Фросина” во Младинскиот културен центар ќе биде прикажан филмот „Кон-Тики” на режисерот Јоаким Ронинг и Еспер Сандберг.
Сценарио: Питер Скавлан (Petter Skavlan)
Улоги: Пал Свер Хаген (Pål Sverre Hagen), Андерс Басмо Кристиансен (Anders Baasmo Christiansen), Густаф Скарзгард (Gustaf Skarsgård)
Продуценти (Produced by): Аге Аберге (Aage Aaberge), Џереми Томас (Jeremy Thomas)
Синопсис:
Во 1947, светот е обземен со возбуда кога младиот норвешки авантурист Тор Хејердал ја започнува неверојатната експедиција – патување од 4300 водни милји преку Тихиот Океан на неговото Кон-Тики бротче. Уште од неговите денови живот во Маркизот со неговата жена Лив, Тор се сомнева дека островите на Јужниот океан се населени од древни Јужно-Американци дојдени илјадници милји од истокот. Независно од неговата неможност да плива и неговиот страв од вода, Тор се одлучува да ја докаже својата теорија преку пловење на легендарото патешествие патувајќи сам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …