Мажите и во трето доба се остваруваат како татковци, а такви примери меѓу славните личности има многу…Ричард Гир на 70. години чека дете, а не е единствен…
Холивудскиот заводник Ричард Гир во 70. година на живот повторно ќе стане татко, бидејќи неговата 34. години помлада сопруга е бремена.
Гир не е прв славен татко кој после кариера долга половина век тоа станал во позни години, бидејќи Ентони Квин последното, 12. дете го добил во 81. година. Ентони „го победил“ и Чарли Чаплин кој 11. дете го добил во 73. година. Жан – Пол Белмондо како татко се оставрил на 70. години, а Роберт де Ниро и Стив Мартин во 68. година.
Многу мажи и на наши простори „го победиле“ биолошкиот часовник, а еден од нив е сценаристот Драгослав Лазиќ (бивш сопруг на глумицата Снежана Савич) кој на 76. години добил близнаци. Слободан Чустиќ, исто така во шестата деценија го добил петтото дете, како и Владо калембер кој долго одолевал на бракот.
Славниот пејач на „Бијело дугме“, Жељко Бебек успивал бебе во 67. година, а во седмата деценија после син добил и ќерка.
Филмскиот режисер Крсто Папиќ на 72. години добил близначки, а неговата сопруга станала мајка на 57. години. Меѓутоа, апсолутен рекордер е хрватскиот глумец и заводник, Звонимир Рогоз кој во 92. година го добил првиот син Рафаел со 56. години помладата сопруга. Тато Рогоз дочекал синот да тргне на училиште, бидејќи умрел во 101. година и не се обѕирал на „злите јазици“ дека детето не е негово, туку тврдел дека тоа го зборувале бившите љубоморни љубовници.