(ВИДЕО+ФОТО) „Слика со пенис“ : „Секоја слика има моја ДНК бидејќи свршувам на неа!“

„Ако правам поголеми дела, најдобро е пенисот да ми е мек“, вели Канаѓанинот Фрејзер чија изведба во шоуто „Суперталент“ на ТВ Нова во Хрватска го оставила жирито без текст.


Уметникот од Канада, Брент Реј Фрејзер (39) ги шокирал членовите на жирито на „Суперталент“ но и публиката во студиото со својот невообичаен талент, сликање по платно со пенис.Мартина Томиќ (43) избегала од студиото кога видела што прави Брент, а Маја Шупут (39), Давор Билман (43) и Јанко Поповиќ Волариќ (38) се’ гледале со чудење.


Supertalent 2 – Goli slikar

Nevjerojatno!!! Video govori puno više od tisuću riječi! 😮


Gepostet von NOVA TV am Sonntag, 30. September 2018

Додека настапот на Брент во емисијата бил цензуриран, на социјалните мрежи има негови снимки кои во потполност го покажуваат голиот уметник. Инаку, Канаѓанинот има ангажмани ширум светот и ја шокира публиката употребувајќи го својот пенис за сликање, наместо четкичка.

Брент на снимки на Инстаграм има каубојски шешир и чизми, а неговото платно го држи некогашната „кралица на ноќта“, Сузан Барш (50). Двојката минатата година настапила во хотел во Њујорк, но ги има и по другите избори за „Суперталент“.

Брент освен во Хрватска настапил и во шоу во други земји. Уметникот пред три години бил во емисијата „Франција има талент“ и го насмеал и воодушевил жирито кое се состоело од четворица мажи. Како што во „Суперталент“ го насликал Билман, тогаш направил портрет на еден од членовите на жирито.

„Сакам да ја задржам сликата“, рекол воодушевениот Французин. Иако покажал единствен талент, Брент не успеал да влезе во финалето на шоуто. Канадскиот уметник има своја интернет страница на која нуди сликање на посебни настани и тврди дека така ја инспирира публиката.
Инаку, Брент живее во Вакнувер, а во 2009. година почнал да го користи својот пенис како четкичка.
Цените на сликите не ги кажува туку дека е се работа на договор.

„Ако работам поголеми дела најдобро е пенисот да ми биде мек. Кога сликам слики кои наликуваат на отисок на маркица или хемиско пенкало, најдобро е пенисот да ми биде во полна ерекција. Но, тоа не е проблем бидејќи работата на уметноста секогаш ме возбудува“ рекол Брент своевремено за порталот Out.
Канаѓанинот „ја прекопирал“ сликата на Мерилин Монро која ја направил, Енди Ворхол и се пофалил дека добро испаднала.

„Баш е како неговата, само што мојата е работена со пенис“, истакнал Брент.
Додал дека секоја слика има негова ДНК бидејќи ејакулира по неа.

„Ги потпишувам со мојата ДНК“, објаснил Брент.
Уметникот порано се бавел со стриптиз на приватни забави, но таа професија повеќе не му била пријатна.

„Тоа беше пред филмот ‘Magic Mike’. Се срамев и се плашев од соблекиување на сцена и дека тоа ќе фрли сенка на мојата кариера на фина уметност“, истакнал Канаѓанинот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …