(ВИДЕО+ФОТО) Кристијан Беил се здебелил 20. килограми за улога – и е непрепознатлив

За улогата на бившиот американски потпретседател Дик Чејни, глумецот Кристијан Беил неверојатно се трансформирал. Во првиот трејлер на филмот „Vice“, кој во кината доаѓа околу католичкиот Божик (24 – 25 декември), Беил е непрепознатлив.


44. годишниот глумец во интервју за емисијата „This Morning“ открил дека работел со нутриционист за да на здрав начин се здебели 20. килограми за потребите на улогата во филмот за политичкиот раст на Дик Чејни.
„Сфатив дека тоа морам да го направам на здрав начин. Губев килограми, ги добивав, но никогаш во животот не разговарав со нутриционист. Прв пат во животот одлучив дека тоа морам да го направам исправно“, изјавил Беил.
Секој ден ја бричел главата и ја избелував и ги кубел веѓите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …