Силвестер Сталоне ги воодушевил фановите со најава дека се подготвува за снимање на новото продолжување од серијалот за Рамбо, но воодушевувањето по малку спласнало кога им ги покажал фотките од снимањето.
Имено, се чини дека во новото продолжување легендарниот Рамбо ќе стане каубоец.
Сталоне на својот профил на Инстаграм објавил фотка на која позира облечен како каубоец со шешир на глава.
„Вечерва почнуваме да снимаме“ најавил кусо покрај фотката.
На другата фотографија глумецот јава на коњ, облечен во кожен мантил.
И’, додека некои фанови пишуваме дека едвај го чекаат филмот, други биле разочарани со ваквиот развој на ситуацијата.
„Рамбо каубоец“, „Зарем Рамбо станал шериф?“, „Доли Партон би била горда“, „Ова не е Рамбо“,му пишувале.
Некои му замериле дека на сликата се гледа куса фризура додека долгата коса станала заштитен знак на Рамбо.
„Те молам кажи ми дека ќе имаш долга коса. Рамбо не може без тоа“, „Коса?“, „Рамбо мора да има долга коса“,му порачале многу фанови.
Сталоне уште во мај потврдил дека ќе го снима петтото продолжување на серијалот за славниот ветеран, а филмот во кината се очекува на есен наредната година.