Педофили стрелани и обесени на кран откако силувале и убиле 10. годишно момче

Тројца педофили се јавно погубени и обесени на кран откако биле прогласени за виновни за брутално силување и убиство на десетгодишно момче…
Шокантни фотографии покажуваат мажи, облечени во сини комбинезони, врзани со лисици и окружени со јеменски војници, додека мноштвото го набљудува јавното извршување на казната на улиците на главниот град.
Властите на силувачите им наредиле да легнат на земја, ставајќи им пиштол на главата, пред да ги погубат со пет куршуми во срцето.
Мртвите тела на силувачите биле подигнати во воздух, на кран, јавно покажувајќи му на мноштвото и служејќи како пример и предупредување на сите кои ќе се осмелат да направат такви злосторства.
Во Јемен, смртната казна е легална, а во земјата има највисок процент на погубувања по глава на жител во светот.
Главните злосторства вклучуваат насилни дела како убиства, силување или тероризам или во случаи на „Худудови“ престапи под шериетските закони, како што е прељуба, сексуално недолично однесување, содомија, проституција, богохулење и отпадништво.


Грабнување, насилни грабежи, трговија со дрога и предавство исто така можат да се казант со смртна казна, во зависност од околностите.
Стрелањето е единствен облик на извршување на смртната казна кое се спроведува во Јемен, иако каменувањето, бесењето и сечењето на глава се исто така дозволени според казнениот закон во оваа држава.
Џорџ Абу Ал-Зулоф, стручњак за заштита на децата во УНИЦЕФ, опишал како пожарникарите во Јемен ги извршуваат смртните казни.
Рекол:„Ги ставија на земја, ги покрија со прекривки, а потоа дојде лекар и покажа на срцето од задната страна. Потоа војниците пукаа по три-четири куршуми во срцето“.
Околу 53. земји во светот сеуште практикуваат смртна казна, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија.
Пред неколку дена владата на Саудиска Арабија распнала човек кој ја убил жената.
Во 2010. година еден маж во Јемен е распнат откако силувал и убил девојка, а потоа пукал во нејзиниот татко.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …