(ФОТО) Едноставен киндер колач- без печење

Потребно е:
300 г шеќер
100 мл вода
125 г маргарин
200 г млеко во прав
100 г црно чоколадо
100 г бело чоколадо
Подготовка:шеќерот варете го со водата, да се истопи и малку згусти. Додајте го маргаринот, мешајте, а кога ќе се истопи тргнете од ринглата и додајте го млекото во прав (без грутки), убаво измешајте смесата да биде густа.
Смесата поделете ја на два дела. Во еден ставете го белото чоколадо, а во другиот црното, убаво измешајте ги двете смеси.
Во тавче за срнечки грб, намачкано со маргарин истурете го белиот дел, израмнете па нанесете го црниот. Израмнете и префрлете во фрижидер убаво да се стегне па послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Пелагија Тарсиска

Светата маченичка Пелагија Тарсиска Родена е во градот Тарс, од родители незнабожци, но богати и …