(ВИДЕО) Мајката на Пол Вокер за вечерта пред неговата смрт:„Доби порака и истрча!“

ДОКУМЕНТАРЕЦОТ за животот на Пол Вокер за неколку дена ќе ја види светлината на денот. Во филмот „Јас сум Пол Вокер” зборуваат неговите најблиски соработници, пријатели и семејство, а особено емотивен бил разговорот со неговата мајка, Шерил, која открила како изгледал последниот ден од неговиот живот.
Шерил открил дека Пол планирал вечерта да ја помине ќерката и дека имале намера да ја красат елката.


“Седевме опуштено во куќата, и одеднаш му дојде порака. Тој ја прочита и рече: ’О, Боже, заборавив дека имав нешто друго вечерва’. Потоа излезе и отиде на хуманитарен настан од кој никогаш не се врати”, рекла Шерил Вокер.


“Тој беше многу повеќе од ѕвезда, тој беше феноменален човек. Добив многу писма со поддршка од неговите обожаватели, кои ми пишуваа како им ги променил животите. Многу луѓе го сакаа и никогаш нема да го заборават, тоа е благослов за мене”, додала Шерил.
Да потсетиме, Пол Вокер почина на 30. ноември 2013. година во сообраќајна несреќа, при негово враќање од добротворна вечера каде што учествувал.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …