(ФОТО) Владо Јаневски и публиката во Антички театар пееле во еден глас

Синоќа публиката во Античкиот театар во Охрид уживала во хитовите на Владо Јаневски.


По пауза од речиси 10. години, Јаневски одржа концерт на отворено, а по повод 25. години успешна соло кариера. Публиката во полниот Антички театар во еден глас ги пеела старите, но и новите хитови на чаирскиот романтичар.


И самиот Јаневски ја почувствувал позитивната енергија на присутните и одличниот флуид, а тоа и повеќепати го нагласувал.
„Концертот беше одличен, публиката полна со енергија што придонесе за убава атмосфера“, кусо рекол Јаневски.


Дел од бендот што го придружуваше на сцена беа и охриѓаните Дамјан Пејчиновски и Влатко Плевнеш.

извор: ОхридПрес
фото: ОхридПрес

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: две години без нашиот истакнат поет, преведувач и професор Драги Михајловски

Драги Михајловски е роден на 16 октомври 1951 година во Битола, каде го поминал и …