(ФОТО) Товар на славата: Има само 25. години и се предозирала со хероин!

Деми Ловато поради предозирање завршила во болница.
Американската пејачка, глумица и водителка, Деми Ловато е хоспитализирана откако се предозирала со хероин, пренесува ТМЗ. Таа со Брза помош била пренесена од нејзиниот дом во Холивуд Хилс во болница во Лос Ангелес.
Наводно пејачката се предозирала вчера претпладне, по локално време, во својот холивудски дом.
Пејачката, која имаше проблеми со наркотиците уште како дете, наводно била трезна во изминатите 6. години. Во последната песна „Sober“, 25.годишната пејачка открива дека неодамна повторно им се вратила на пороците а дека со години страда од депресија.
Во неделата во Калифорнија настапила заедно со Иги Азалеа, а оваа недела требало да настапи во Атлантик Сити.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …