(ВИДЕО+ФОТО) Родила бебе со две лица: „Не сакаат да го оперираат и да му го спасат животот…“

Иако бебето им едно тело со две раце и две нозе, всушност станува збор за сијамски близнаци, односно близнаци кои меѓусебно сраснале со еден дел на телото…
Во Индонезија е родено бебе со две лица и два мозоци, но само со едно тело и една глава. Станува збор за случај на зачнување на близнаци, при што вториот фетус не се развил нормално. Двомесечниот Гиланг Андик од градот Батам во Индонезија, освен што има две лица и два мозоци страда од потенцијално фаталниот хидроцефалус, состојба во која во мозокот на детето се собира течност.
Иако бебето има едно тело со две раце и две нозе, всушност станува збор за сијамски близнаци, односно близнаци кои меѓусебно сраснале со еден дел на телото. Такви случаи ретко се случуваат, во просек еден на 250.000 породувања, а близнаците можат да бидат споени со градниот кош, череп или делови од грбот. Во овој слуачј, на вториот близнак не му се развило телото.

Родителите не знаеле се’ до породувањето
Во некои случи,во зависност од сраснувањето на внатрешните органи, сијамските близнаци можат хируршки да се одвојат, но кај малечкиот Гијанг тоа не е случај. Операцијата би подразбирала отстранување на делови од черепот, еден мозок и лице, а шансите детето да го преживее зафатот се скоро никакви. Неговите родители очајнички бараат помош бидејќи сакаат да го спасат своето дете, но локалните лекари рекле дека неговата состојба не е оперативна.


Родителите на Гианг, мајката Ернилсари и таткото Мустафа не знаеле за состојбата на бебето се’ до породувањето. Се обидуваат да најдат медицинска помош која ќе го спаси животот на нивното дете, но немаат пари.Лекарот кој после породувањето се погрижил за малечкиот Гианг вели дека е малку веројатно дека некој лекар би можел да го оперира.
За време на бременоста мајката на Гианг не почувствувала ништо необично ниту пак прегледите со ултразвук покажале дека нешто не е во ред со бебето.
„Лекарите само ми рекоа дека главата на бебето е голема и дека е свртен наопаку“ изјавила мајката.
Родителите очајнички бараат лекар кој ќе ги раздвои главите на детето, но и третман кој ќе ги ублажи здравствените проблеми на малечкиот.
Овие пореметувања, kraniofacijalna hiperhidroza или diprosopus, се појавуваат исклучително ретко и повеќето бебиња, по породувањето, не преживуваат. Еден таков случај е забележан во Сиднеј пред четири години, но бебето во тој случај преживеало помалку од еден месец.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …