Ќерката на тапанарот на „Бијело дугме“, Милиќ Вукашиновиќ се предозирала!

Маја Авдибеговиќ,ќерката на Милиќ Вукашиновиќ, синоќа околу полноќ, извршила самоубиство во сараевската населба „Језеро“.
35. годишната жена, како што дознава Аваз, ја пронашла пријателка и веднаш повикала брз помош и полиција но и немало спас.
Според прелиминарните резултати од истрагата и после надворешниот преглед на телото, било утврдено дека причина за смртта најверојатно е предозирање со наркотици или лекови. Инаку, Маја, досега два пати се обидела да се самоубие.
На 1.јуни оваа година исто така се обидела да изврши самоубиство кога со жилет ги исекла вените. Тогаш била спасен со брза реакција на брзата помош иако доста искрварела, и била префрлена на психијатриска клиника.
Маја и нејзиниот татко, бившиот тапанар Милиќ Вукашиновиќ, не биле во добри односи, а таа во српските медиуми го обвинила дека е виновен за нејзините обиди за самоубиство.


„Првпат се обидов да се убијам откако татко ми ме остави поради Планинка Рајковиќ. Тоа беше со години пред дрогата, кога бев дете. Никогаш не сум се обидела да извршам самоубиство поради наркоманска криза, како што тој тврди по медиумите. Така ја мие својата совест. Како дете го изнесував од кафулиња измочан и исповраќан, а тој пијан подоцна ме фрлаше по подот. Сешто имам проживеано со него“ рекла порано.
„Ми се осветува бидејќи ја изнесов вистината за нејзината наркоманија. После ова повторно ќе критикува, можеби овојпат успеала да си го одземе животот“ рекол Милиќ после тоа и додал дека на хероин ја навлекол нејзиниот партнер.
Милиќ ја добил Маја во првиот брак со сопругата Вера, а таа долго се борела со зависност од дроги.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …