(ФОТО) Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон отишле на одмор каде што летуваат најбогатите

Војводата од Кембриџ и неговата сопруга со приватен авион отпатувале, со тримесечниот принц Луј, принцезата Шарлот (3) и принцот Џорџ (5), на Карипскиот остров Мустик
Откако во текот на изминатите неколку месеци имаа многу обврски, принцот Вилијам (36) и војвотката Кејт Мидлтон (36) одлучиле да се релаксираат и да одат на нивниот прв заеднички одмор со своите деца.

Локациите кои членовите на кралското семејство ги посетуваат за време на медениот месец и одмор не се обелоденуваат на јавноста. Деталите на медиумите се кријат за да не ја нарушат нивната посакувана приватност.
Сепак, британскиот “Ел” открил дека војводата од Кембриџ и неговата сопруга отпатувале со тримесечниот принц Луј, принцезата Шарлот (3) и принцот Џорџ (5) со приватен авион до карипскиот остров Мистик.


Дестинацијата на која тие се упатиле е помалку позната за јавноста и е околу 160. километри од Барбадос. Островот е опкружен со тиркизно море, а на него има песочни плажи.


Оваа локација најчесто ја избираат членовите на кралското семејство и најбогатите луѓе во светот кога сакаат да имаат приватност.
Кејт и Вилијам двапати го посетиле овој остров. Првпат пред шест години, како брачна двојка, потоа две години подоцна, со својот првороден син Џорџ, кој тогаш имал само една година. Речиси секоја зима, таму оделе да се опуштат и родителите на војвотката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …