(ФОТО) Рајан Рејнолдс: „Блејк ги потпишува документите за развод додека ние разговараме“

Рајан Рејнолдс е познат по смислата за хумор. Причина поради која ќе го остави сопругата, вели тој, нема да е измама или љубомора, туку неговата навика да гледа маратон со филмовите на Квентин Тарантино..
Актерот, Рајан Рејнолдс (41), на последниот Comic Con во Сан Диего изјавил дека морал да ги чува децата, Инез (1) и Џејмс (3), додека неговата сопруга Блејк Лавли (30) била отсутна и повторно се пошегувала на сметка на тоа, пишува Daily Mail.


„Мојата сопруга снима филм во странство, па затоа имам многу време да се правам дека ги чувам децата.Таа веројатно ги пополнува документите за развод додека ние зборуваме тука”, рекол актерот, додавајќи дека причината зошто сопругата ќе го напушти не би била измама или љубомора, туку неговата навика да гледа маратон со филмовите на Квентин Тарантин (55).


Рајан од порано е познат по својата смисла за хумор.


„Во шест часот наутро, за време на прошетката ќерка ми ме праша каде месечината оди секое утро. И реков дека оди во рајот да ја посети слободата на тато“, се пошегувал актерот на социјалните мрежи во октомври 2016. година, а пред неколку месеци рекол дека да се биде татко е најдоброто чувство во светот ако не ги гледа годините додека немал деца.
Блејк и Рајан во брак се од септември 2012. година и оттогаш меѓусебно се шегуваат еден со друг, закачки кои ги нарекуваат „ѓаволести удари“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …