(ФОТО) Кралското семејство во пресрет на венчавката на принцот Хари и Меган Маркле направило непростлива грешка!

Кралската венчавка на Меган Маркле и принцот Хари последните денови се претворила во вистинска семејна драма. Веднаш по објавата на свршувачката минатата година, полусестрата Саманта почнала да ја напаѓа во медиумите, а ниту нејзиниот брат Томас не ја штедел. Работите кулминирале оваа недела кога се случи скандалот во кој учествувал нејзиниот татко Томас, кој наводно бил во договор со папараците и заработил на венчавката на ќерката.
Медиумите се прашуваат како е можно кралското семејство да не успееало ги „испегла“ односите во семејството на Меган Маркле, барем во медиумите.
Стручњакот за кралското семејство, Вилијам Хенсон, смета дека е огромна грешка на кралицата Елизабета и принцот Чарлс што не испратиле некого во посета на Томас Маркле, уште порано.
Исто така смета дека кралското семејство требало порано да се позанимава и со сестрата и братот на Меган Маркле и да разговара со нив за нивните испади во медиумите. Бидејќи принцевите се женеле со девојки од аристократски семејства од Велика Британија или Европа, тие и нивните семејства знаеле како да се однесуваат и комуницираат со медиумите на исправен начин. Вистина е дека принцот Вилијам се оженил со граѓанка, но немало проблеми со нејзиното семејство бидејќи со години се подготвувале за нејзиниот брак со принцот.
Хенсон предупредува и на културолошките разлики помеѓу Британците и Американците на кои кралското семејство очигледно не сметало.
„Американците луѓето ги делат на обични и славни и кралското семејство го ставаат во истиот кош. Во Велика Британија тие поделби се различни“ вели Хенсон кој смета дека „преопуштената“ Меган ќе мора да се промени и да стане малку „послужбена“ бидејќи утре станува сопруга на британски принц.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Панел дискусија: Што е тоа психолог?

Зошто се чувствувам вака? Како да го подобрам својот однос со… Како да знам дали …