Починатиот крал на попот Мајкл Џексон, освен по музиката, бил познат и по бројните естетски зафати кои потполно го изобличиле, а се чини дека по неговите стапки тргнала и неговата сестра Ла Тоја Џексон.
Ла Тоја се појавила на филмскиот фестивал во Кан и сите присутни ги оставила без зборови благодарение на своето лице кое станало скоро непрепознатливо поради бројните операции.
Сестрата на пејачот, освен пеглање со ботокс и хијалурон, имала и операција на носот, ги пополнила образите а ги зголемила и градите. Својата руса косаа ја пуштила преку рамената, а освен лицето на присутните вниманието им го привлекувале и нејзините гради кои како да сакале „да излезат“ од црниот кожен фустан.
Иако со зафатите очигледно сакала да го поправи својот изглед Ла Тој станала уште една во низата селебрити кои претерале со операциите и го унакажале своето лице.