Сеќавање: на денешен ден во 2016 година почина сликарот Стеван Поповски еден од најпознатите македонски претставници на наивата

Стеван Поповски е роден на 7 март 1933 година во Скопје. По образование бил педагог и новинар, а негова страст била сликарството. Татко е на две ќерки. Бил женет трипати. Мајка му е по потекло Македонка, татко му е Србин. Во текот на Втората светска војна заедно со баба му бил во Кочани, каде меѓу другото тајно им пренесувал писма на партизаните.

По војната се вратил во Скопје и на петнаесетгодишна возраст се запишал на вонредните курсеви за педагози, кои ги завршил. Неколку години работел како учител, најпрво на село, а потоа во Скопје. Во текот на работењето во Скопје почнал да студира новинарство. Тоа му овозможило да се откаже од педагошката кариера во која не се гледал себеси. Во шеесеттите години работел како новинар. Во 1971 година заминал на стипендија во Париз односно Монмартр каде живеел 5-6 години. Таму работел во телевизија и се развивал како уметник. Се оженил со Полјачка и во 1976 година почнале да живеат заедно во Варшава.


Во тој период направил една од неговите најубави слики. Во 1993 година го добил полското државјанство. По разводот со третата жена почнал пак да живее во Скопје но контактите со Полска цело време биле интензивни. Подоцна повторно се вратил во Полска за постојано и планирал да отвори ателје. Цело време работел како уметник, сè до неговата смрт на 14 мај 2016 година која го затекнала во Варшава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ во МАНУ

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, денес, во 12 часот, …